Марјан Мицев

Сектор за инспекциски надзор во шумарството
Manager
Главен инспектор
Скопје

Опис на работната позиција

Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење на секторот во насока на спроведување инспекциска функција со цел имплемнтација на законската регулатива од областа на шумарството и намалување на неправилностите во истите, ги врши работите кои се однесуваат на организирање и внатрешно функционирање на секторот, ги обединува и спроведува политиките во рамките и делокругот на секторот

 

Работни задачи и обврски

  • Ја усогласува и координира работата на одделенијата во секторот, ги распоредува работите и задачите на одделенијата и извршува непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите, како и следење, вреднување и оценување на остварените резултати во работата на раководителите на одделенијата во секторот
  • Врши распоредување на задачите на вишите инспектори и  им дава упатсва за работа како и стручна помош во вршењето на најсложените работи.
  • Приуствува на обуки и дава стручни мислења од областа на инспекцискиот надзор во шумарството,
  • Ја организира работата на терен во случаи на вонредни инспекциски надзори, по барање на надлежни органи,
  • Врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите кои се појавуваат и иницира нови идеи за работи од областа на шумарството.
  • Предлага концепти на закони и други  системски прашања и иницира решавање на одделни проблеми и непосредно учествува во изготвување на законски и други прописи и општи  акти,
  • Изготвува годишна програма за работата на секторот и се грижи за реализација на одобрената програма, 
  • Изготвува анализа и проценка на одделни прашања што се јавуваат во работата на секторот и иницира нови идеи и концепти за работа; 
  • Врши инспекциски надзор од областа на шумарството