За инспекторатот

DISHL

Државниот инспекторат за шумарство и ловство, како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги врши работите во врска со инспекцискиот надзор над примената на законските прописи и подзаконските акти од Законот за шумите, Законот за ловството, Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, Законот за заштита на растенијата од болести и штетници и други законски прописи кои се тесно поврзани со оваа проблематика.

Инспекторат за нас - организација

Организација

Работите од делокруг на Државниот инспекторат за шумарство и ловство се извршуваат преку Сектор за шумарство и ловство, едно одделение за стручно административни работи и пет регионални одделенија.

 

Сектор за инспекциски надзор во шумарството

  • Одделение за инспекциски надзор во шумарството -Регион I
  • Одделение за инспекциски надзор во шумарството -Регион II
  • Одделение за поддршка на инспекциски надзор  во областа на шумарството

 

Сектор за инспекциски надзор во ловството

  • Одделение за инспекциски надзор во ловството – Источен регион 
  • Одделение за инспекциски надзор во ловството – Западен регион 
  • Одделение за поддршка на инспекциски надзор во областа на ловството

 

Сектор за правно – административни, општи работи и управување со човечки ресурси

  • Одделение за правно - административни и општи работи
  • Одделение за управување со човечки ресурси
  • Одделение за финансиски прашања

 

Инспекторат за нас - површини

Инспекциски надзор

Државниот инспекторат за шумарство и ловство врши инспекциски надзор на 1.002.809 ха шуми и шумско земјиште во Државна и приватна сопственос, од кои 861.243 ха се обраснати со шума и 141.566 ха се необраснати, кои површини се уредени во 176 посебни планови за стопанисување со шумите, како и 249 установени ловишта, уредени со посебни ловностопански основи кои се дадени по пат на концесија за користење, одгледување и заштита на дивечот.

Шуми

1.002.809ха шуми и шумско земјиште