Активитет во регионална единица Велес

09/16/2024 - 14:44

Вчера, Директорот на ДИШЛ, Бејтула Камбери, во
рамките на посетите и состаноците, престојуваше
во градот Велес.
Директорот од блиску се информираше за
активностите на инспекторката Павлина Петрова,
фактичката состојба на теренот, ситуацијата со
пожарите, начинот на работа, тешките услови за
работа и редовните и вонредните контроли што ги
спроведува.
Заедно со инспекторката и раководителот на
единицата, Трајче Ангелов, како и со Басри Азири,
ја продолжија посетата кај директорката на
регионалната единица на националните шуми
„БАБУНА“ Велес, г-ѓа Жаклина Гушева, каде што
заедно разговараа за идната работа на теренот на
оваа регионална единица, коректната соработка со
инспекторката Павлина и плановите и идеите што
ќе се реализираат во иднина.
Директорот Бејтула Камбери ќе продолжи во
иднина со активностите на теренот, правејќи
максимални напори за подобрување на условите
на инспекторите, вклучувајќи ги службените
возила, опремата и логистиката што е потребна за
работа.

/sites/default/files/lajmefoto/img-0aa87d65181afcfb20a2823d1d776578-v.jpg