Активност во регионална единица Велес

16.09.2024

На ден 16.09.2024 година Директорот на
ДИШЛ Бејтула Камбери, во продолжение на
посети и средби Престојуваше во Велес.
Директорот беше одблиску информиран за
активностите на инспекторката Павлина
Петрова, фактичката состојба на теренот, за
состојбата со пожарите, начинот на работа,
тешките услови за работата и начинот на
спроведувањето на редовните и вонредните
надзори. Заедно со Вишиот инспекторот и
раководителот на одделението Трајче Ангелов
и Басри Азири посетата ја продолжија кај
директорката на ПШС „БАБУНА“ Велес г-ѓа
Жаклина Гушева, каде заедно се разговараше
за последователната теренска работа на оваа
подружница, коректната соработка со
инспекторката Павлина како и размена на
планови и идеи кои ќе се реализираат во
иднина.
Директорот Бејтула Камбери и во
иднина ќе продолжи со теренските активности
вложувајќи максимален напор за подобрување
на условите на инспекторите со службени
коли, средства и логистика кои се неопходни
за работа.

/sites/default/files/lajmefoto/img-0aa87d65181afcfb20a2823d1d776578-v.jpg