На ден 03.09.2024 година, Директорот
Бејтула Камбери заедно со Вишиот инспектор
на одделението за инспекциски надзор во
шумарството одговорен за Радовиш Трајче
Ангелов, инспекторите Гзим Хода, Михаил
Делов и Басри Азири ја посетија ПШС
„Плачковица” - Радовиш. Првично беа во
канцелариите на оваа подружница каде што
беа пречекани од Директорот Дончо
Сарамандов и колегите шумарски инженери.
Во просториите на подружницата се одржа
работен состанок за тековните работи. Потоа
се изврши теренски надзор во работата на
подружницата за тековните работи од областа
на користењето на шумите (сеча, дотур и
превоз) како и ознака за сеча за 2025 година.
При надзорот се констатира законито
работење согласно одредбите од Законот за
шуми.